Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изјави дека опасноста од тн. тиранска платформа не е помината и оти граѓаните треба да останат внимателни поради, како што рече, изјавите од албанските партии дека не се откажуваат од платформата и оти таа ќе биде реализирана.– Уште кога Заев ги даде гаранциите и кога го потпиша оној документ со кој се обврза дека нема да ја прифати тиранската платформа јас оставив една резерва знаејќи го неговиот карактер и обичај честопати да ги менува своите изјави и ставови, претпладне да кажува едно, а попладне друго, така што треба будно да се следи особено откако почнаа да ги даваат изјавите другите негови партнери како што е Зијадин Села, како што е партијата ДУИ, коишто јасно и гласно кажуваат дека тиранската платформа ќе се реализира, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања при увидот на активностите за реализација на проекти во Демир Капија.
Тука, додаде Груевски, некој лаже, или Заев ги лаже граѓаните на РМ кога вели тиранската платформа нема да се реализира, или пак партиите на Албанците,како ДУИ и партијата на Зијдаин Села ги лажат албанските граѓани во Македонија. Времето ќе покаже и ќе видиме кој ја кажува вистината, а кој лаже во ситуацијата, но треба внимателно да се следи затоа што тиранската платформа може да предизвика многу проблеми во иднина, рече Груевски истакнувајќи дека од тој аспект ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Македонија кои биле многу вознемирени од тиранската платформа, како што потенцира, ќе останат будни.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, реакцијата на граѓаните со осудмесетдневните мирни протести низ улиците била оправдана. Луѓето, потенцираше Груевски, почувствуваа дека се подготвуваат работи што не се баш добри за иднината на Македонија.
– Сега овие нови објави на Зијадин Села и на ДУИ, дека не ни помислуваат да се откажат од тиранската платформа и оти таа ќе биде реализирана укажуваат дека веројатно опасноста од оваа платформа не е помината и дека треба да се остане буден и понатаму, рече Груевски.– Уште кога Заев ги даде гаранциите и кога го потпиша оној документ со кој се обврза дека нема да ја прифати тиранската платформа јас оставив