Опасноста заврши – Сателитот Гоце согоре во атмосферата

Помина опасноста од сателитот „Гоце“ кој синоќа се распрсна откако влезе во атмосферата, а ситни делови од него паднаа во океанот.Директорот на Европската вселенска агенција (ЕСА) за вселенски отпад, Хајнер Клинкард, во извештајот објавен на интернет страницата на Агенцијата наведе дека станиците за следење на движењето на сателитот последен пат оствариле контакт со сателитот синоќа во 23.42 часот, додека се наоѓал на околу 121 километар над Антарктикот.
„Се проценува дека повторен влез во атмосферата сепак „преживеале“ 25 проценти од сателитот, кој првично бил со големина на автомобил, а отпадот најверојатно е завршен во океанот, истакна Клинкард.
Сондата GOCE (Gravity field and steady-state Ocean Circulation Explorer), наречен и „ферари” во Вселената поради неговиот аеродинамичен дизајн, беше лансиран во март 2009 година, а целиот проект чинеше 350 милиони евра. Неговата цел беше да се проучува гравитациското поле на Земјата како и океанските струи. Апаратурата инсталирана на него придонесе во 2011 година првпат да биде изработена гравитациона мапа на планетата со висока резолуција на којашто е видлива границата меѓу земјината кора и обвивкатаДиректорот на Европската вселенска агенција (ЕСА) за вселенски отпад, Хајнер Клинкард, во извештајот објавен на интернет страницата на Агенцијата н

Пронајдете не на следниве мрежи: