Опозицијата на Косово против договор за северот

Косовските опозициски партии се противат на евентуален договор за северот на земјата.

Опозициските Демократски сојуз на Косово и Движењето Самоопределување, ја повикаа во понеделник владата да не го прифаќа договорот за северот, бидејќи тоа би било, како што се наведува, тешко газење на Уставот и резолуцијата на Собранието за нормализација на односите со Србија.
Како што пишува дневниот весник „Коха диторе”, до ваквиот став дојде по само еден ден откако високата претставничка на Европската унија(ЕУ) за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон во Минхен најави дека следните две недели се решавачки во дијалогот меѓу Косово и Србија.
„Договор за автономија за северот на земјата не може да има бидејќи тоа би било тешко газење (на Уставот). Позициите и ставовите на косовската делегација се утврдени со Резолуцијата на Собранието на Косово и правниот систем на земјата”, рече Арбен Гаши, пратеник во Собранието од редовите на Демократски сојуз на Косово.
Според него, Србија мора да има добри односи со Косово за да создаде услови за почеток на дијалогот за зачленување во ЕУ.
Ерзен Враниќи од Самоопределување побара од Владата на Косово да го прекине дијалогот со Србија и ситакна дека тоа е прв чекор кон автономија на северот направен со формирањето на Фондот за развој на северот на Косово.
„Косово со дијалогот станува сè помалку функционална, сè помалку нормална држава, додека северот се приближува кон Србија и Србија сè повеќе се приближува кон Брисел”, рече Враниќи.
 
Makфакс
Косовските опозициски партии се противат на евентуален договор за северот на земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: