Откако љубовните видеа на Александар Ружин наидоа на потсмев кај целата македонска јавност, тој со спонзорирани постови плука по македонскиот народ.Она што почна како пародија на љубовно видео, огорченоста на исмеаниот Ружин кој не ја прифати добро критиката за гафовите што ги кажува во видеата, го претвори во политичко препукување. Па така, сега Ружин почна да се правда обвинувајќи ги сите оние кои слатко се изнасмејаа, нарекувајќи ги будали во спонзорираните постови на Фејсбук.
„Со будали не треба да се расправаш бидејќи ќе те симнат на нивното ниво и таму ќе те победат со искуство“:
Оваа објава не покажа ништо друго освен тоа дека додека обичните граѓани киснат на дождот за него утре (не дај боже) да го довлечкаат на власт, Александар Ружин се снима во скапи автомобили и ги навредува.
Кога сме кај автомобилите, на граѓаните исто така добро им е познат скандалот дека додека таткото на Алексанар, Нано Ружин беше амбасадор на Македонија во НАТО, со дипломатски попуст земаше автомобили за потоа да ги препродава на недипломати.
По се изгледа дека се докажа како точна изреката дека парите не те прават посреќен, но подобро е да плачеш во Порше отколку на точак.
Инаку, објавите на Ружин заради бројните гафови инстантно станаа мегапопуларни на социјалните мрежи, па така видеото се искачи меѓу најгледаните на Youtube, победувајќи ја Цеца, и инспирирајќи многу урнебесни пародии.
Она што почна како пародија на љубовно видео, огорченоста на исмеаниот Ружин кој не ја прифати добро критиката за гафовите што ги кажува во видеата