Во својата колумна во неделникот Фокус насловена “СДСМ ќе стане Насредин Оџа во приказната на Итар Пејо?!” новинарката Ида Протуѓер прави репортажа од Швајцарија и ги споредува двете општества, тамошното и нашето и се прашува како е можно некои работи како политики, одлуки и решенија кои лесно поминуваат во Македонија воопшто и да не бидат предложени во Швајцарија, и Ида претпоставува дека ако бидат предложени истите би биле исмеани и решително одбиени. Колумната Ида ја завршува со следново:”Во изборот дали треба сите да се предадеме, или да се напушти здравиот разум, или да се продолжи борбата со принципи, најздравото ткиво во државата би било за третото решение. А сериозна опозиција како опонент на сегашното владеење би работела во таа насока. Ако проценката е дека во Македонија има многу неуко население кај кое пали популизмот, сериозна партија ќе работи на образование и цивилизација на населението. Се друго е навреда на умот!”
Практично Ида бара од СДСМ да го цивилизирал македонскиот народ до нивото на швајцарскиот народ кај кој не пали популизам и национализам и кај кој има многу развиена демократска и политичка култура. Хм… Овој СДСМ сега кој е ничкосан и згазен од талибанците по речиси седум порази со осакатено членство каде голем дел избега во странство со седиште дадено под хипотека, без спонзори, без медиуми, без пари, оцрнета до ниво на непријател и предавник на државата, оваа СДСМ треба да ја победи пропагандата на ДПМНЕ која тежи 30 МИЛИОНИ ЕВРА годишно и да успее да го превоспита народот и да го воздигне и цивилизита за 2-3 години и потоа да се врати на власт?!?!?! Папапапапа, уууууууууууууууу јеботеее логикааааа, јако јако јако!!! Џизас, аман бе Ида па мајку му како може ова да го зборуваш?! На Швајцарија и требале повеќе од 200 години за да дојде до тоа ниво каде што е сега особено значајни се оние години на демократија по 1945-та додека ние сме демократија само 20 години и се развиваме во многу стресни околности со надворешни и внатрешни војни и тешки идентитетски недоразбирања со соседите кои ја заматуваат домашната политичка сцена. Како можеш да имаш толку дрско нереално и нефер барање од СДСМ, тие самите да се бореле со ДПМНЕ и да го забрзале процесот кој сигурно ќе трае над 50 години и да го спроведе за краток период од 2-3 години?!
Е поради вакви елитистички новинарски умови кои на политиката гледаат како некои интелектуалци филозофи и кон политичката прагма пристапуваат како теоретичари од некој институт, СДСМ и опозицијата дреме на политичкото дно со минорен рејтинг и без народ зад себе. Иронијата е што СДСМ за да победи треба да доживее овие елитистички новинари да почнат да пишуваат против неа, да почнат да урлаат против партијата, тогаш тоа ќе биде добар знак дека СДСМ има шанси да победи на наредни избори во Македонија. Тој процес веќе почна, професорката Мимоза Ристова веќе дигна раце од СДСМ и почна да фрла дрва и камења по партијата и новото раководство. Тоа е истата професорка која ги нарече гласачите од Пустец небањати сељачишта.
Овој процес на дистанцирање од елитистички новинари и аналитичари треба да продолжи и понатаму. СДСМ нема што да бара со оние интелектуалци кои се надвор од конекција со народот, нема контакт со македонската просечност а со тоа и реалност… Неколку начини како може да се познае аналитичар или новинар од кој СДСМ треба да бега: редовно го посетуваат Скопскиот Џез фестивал, знаат што е Бордо вино а што Мерло, користи многу комплицирани зборови при изразување, цитира мисли на филозофи и писатели, инсистира на стандарди и бон тон, редовно е присутен на приемите на америчкиот и ЕУ амбасадорот, и барем едаш се појавил на трибина спонзорирана од Сорос…”Во изборот дали треба сите да се предадеме, или да се напушти здравиот разум, или да се продолжи борбата со принципи,