Опозициската партија која очајно сака одложување на изборите два пати не прифати Албанец експерт за Државната изборна комисија (ДИК), со смешно тврдење дека е од ВМРО-ДПМНЕ.По повеќечасовни преговори, откако партиите од големата четворка едвај ги усогласиле тројцата експерти за ДИK, СДСМ се пишманил и го растурил договорот со образложение дека експертот – Албанец бил „вмровец“, велат од владејачките партии.
– СДСМ не сака избори и прави се до нив да не дојде или да ги одложи – децидни се претставници во преговорите од власта.
Тие откриваат дека по тешки натегања во преговорите откако се усогласиле за експертот-Албанец, тој не бил прифатлив за СДСМ оти бил „вмровец“. Ова предизвикало жестоки реакции од ДУИ и ДПА. Тие го обвиниле СДСМ за етикетирање на експертот-Албанец и тоа со вмровски предзнак. Тие додаваат дека потврда оти СДСМ прави се за да ги ескивира изборите е тоа што и вториот експерт-Албанец што го предложиле социјалдемократите го одбиле.
– Врв на сѐ беше откако им прифативме двајца од шест пласирани експерти, тие, за да го растурат договорот, го отфрлија и вториот експерт – Албанец со образложение дека не бил доволно квалификуван за да биде потпретседател на ДИK. Настана нова мешаница, претставниците на Албанците се налутија. По ова од СДСМ сакаа да се пазарат и ним да им припадне и претседателското место во ДИK и функцијата генерален секретар. И додека за претседателската функција може да се разговара, за позицијата генерален секретар треба целосно независна личност – брифираа вчера од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Се прават обиди да се надмине оваа ситуација со поединечни средби меѓу претставниците на политичките партии.По повеќечасовни преговори, откако партиите од големата четворка едвај ги усогласиле тројцата експерти за ДИK, СДСМ се пишманил и го растурил