Опозицискиот лидер Зоран Заев повеќе не може да го сокрие стравот од изборно соочување со волјата на народот. Заев отворено почна да ја спомнува можноста за одложување на изборите.Лидерот на СДСМ во изјава за агенцијата „Мета“ вчера рече дека изборите можеби ќе се одложеле за јуни или септември. Заев ниту ги потврдува, ниту ги демантира шпекулациите за одложување на изборите во јуни, но ја отвора и можноста тие да се одложат дури за во септември.
-За конкретни датуми ќе разговараме на средбата со Јоханес Хан во Скопје, но, тоа не значи дека изборите не можат да се одржат во април или во јуни. Можеби ќе заклучиме дека идеално за одржување на изборите ќе биде септември, изјави Заев.
Опозицискиот лидер очигледно повеќе не може да го скрие стравот од избори, па отворено ја споменува можноста за одложување на изборите.
Од друга страна, другите тројца лидери потписници на политичкиот договор, Никола Груевски, Али Ахмети и Мендух Тачи, упорно стојат на ставот дека изборите нема да се одложат и дека ќе се одржат на 24 април, како што е предвидено со последниот политички договор. Последниот став на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на изборите беше дека ако изборите не се одржат на 24 април, тогаш договорот е Пржино е загрозен.
– Излезот од политичката криза, односно изборите кои треба да се одржат на 24 април е круната на Договорот од Пржино. Граѓаните на Македонија очекуваат Договорот да биде реализиран и земјата да продолжи да чекори по патот на реформите. Секој обид да биде загрозена крајната цел на договорот, изборите на 24 април, е загрозување на целокупниот договор – вели директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Котевски.
Експертската јавност веќе коментираше дека со барањата за одложување на изборите закажани за април, Заев всушност сака пролонгирање на кризата и продолжување на сценариото со кое се држи целата држава во заложништво, и покрај тоа што владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги исполни сите барања согласно договорот.Лидерот на СДСМ во изјава за агенцијата „Мета“ вчера рече дека изборите можеби ќе се одложеле за јуни или септември.