Македонија не заслужува да стенка и збревта под тежината на ваков политичко-психолошки провинцијализам и аматеризам. “Ќе видиме, ќе се покаже, прашајте го обвинителот”… је*оте ко Жерновски да раководи со МВР!По денешните прес-конференции на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и интервјуто на опозицискиот лидер за „Топ тема“, со реакции се јавија лица кои во јавноста важат или важеа за блиски до опозицијата, кои жестокот удрија по претседателот и генералниот секретар на партијата.
Братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумоски кој важи за отворен поддржувач на СДСМ, на својот профил распали по техничкиот министер по неговата прес-конференција. Покрај по Спасовски, наумоски отворено плука и по градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
-Прес во живо на новиот министер за внатрешни после “откриената” фабрика за лични карти. Секоја втора реченица: “Ќе видиме, ќе се покаже, прашајте го обвинителот”… јеботе ко Жерновски да раководи со МВР!, напиша Наумоски.
По ваквиот пост на Наумоски, продолжија критиките кон СДСМ од опозициските перјаници. Новинарката Мери Јордановска напиша дека почнало да и фали она, „согласно Уставот и законите….“. Со свој коментар се јави и опозициската новинарка Сашка Цветковска, но и други перјаници на СДСМ
Посебно жесток беше новинарот Васко Ефтов, кој по интервјуто на Заев на Телма напиша дека “Македонија не заслужува да стенка и збревта под тежината на ваков политичко-психолошки провинцијализам и аматеризам“.
-Прво, Македонија не заслужува да стенка и збревта под тежината на ваков политичко-психолошки провинцијализам и аматеризам. И второ, не сум многу среќен кога пред мои очи гледам како стопроцентно се остваруваат сите мои анализи и проценки!!! , напиша Ефтов.
По денешните прес-конференции на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и интервјуто на опозиц