Општина Аеродром ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Општина Аеродром и оваа година ќе ја поддржи глобалната акција  „Часот на планетата Земја 2016“.Акцијата за спас на планетата Земја ќе се одржи утре, 19.3.2016  година (сабота), од 20:30 до 21:30 часот кога ќе бидат исклучени светлата  во парковите „Јане Сандански“, „Аеродром“ (авион), паркот со езерата и  трговскиот центар „Капитол“.Целта на оваа акција е преку симболично исклучување на  осветлувањето во рок од еден час да се даде порака за спас на планетата  Земја. Во часот на планетата Земја се вклучуваат над 170 земји, меѓу кои и  Македонија. Станува збор за светска иницијатива организирана од Светскиот фонд за  природа (WWF), и затоа Општина Аеродром апелира граѓаните,  домаќинствата, кафулињата, рестораните, јавните објекти и други потрошувачи  на електрична енергија на територијата на Општина Аеродром, да ги изгаснат  светилките во времетраење од еден час.На тој начин, секој од нас ќе ја покаже солидарноста во борбата против  климатските промени.Во акцијата ќе се вклучат и екипи на Црвениот крст на Кисела Вода.Акцијата за спас на планетата Земја ќе се одржи утре, 19.3.2016  година (сабота), од 20:30 до 21:30 часот кога ќе бидат исклучени светла

Пронајдете не на следниве мрежи: