Општина Центар ја тресе скандал: Мега диџејот Аоки го откажал настапот поради лошото озвучување

Голем скандал во општина Центар, причината што мега ди-џејот Стив Аоки не настапил не се лошите временски услови, туку лошото озвучување кое било наместено за настапот.Градоначалникот Андреј Жерновски договорил озвучување во постапка со преговарање без објавен оглас, во висина од 900.000 денари без ДДВ или целосна сума од 1.062.000 денари. Откако понудувачот не ги исполнил условите, на Андреј Жерновски му текнало да бара ново одобрување од Советот за јавни набавки на 02.06.2016, додека пак црвено-белата ноќ се одржуваше на 03.06.2016 година. Поради низа недоследности Советот за јавни набавки не го одобрил барањето.
Општина Центар во обид да ја организира својата црвено-бела ноќ, со парите од граѓаните, одлучи да настапи мега ѕвездата и еден од топ 10 најпознати ди-џеи во светот Стив Аоки. Се ќе беше идеално за сите љубители на електро и хаус музиката доколку диџејот Стив Аоки настапеше на црвено-белата ноќ. Градоначалникот Жерновски постави слика на социјалните мрежи со диџејот Аоки објаснувајќи дека чекаат да преврне дождот. Но причината сепак беше лошото озвучување, каде што луѓе вклучени во постапката на организација коментираат дека мега ѕвездата Стив Аоки видно нервозна за скандалот и измамата кои му ја приредиле од Жерновски и општина Центар одлучил да не настапи и си заминал.
Андреј Жерновски и општина Центар исто така во обид на изговор зошто Аоки нема да настапи на црвено-белата ноќ во 23 часот откако прекина дождот истакнаа дека не сакале да им го нарушуваат мирот на жителите на Центар бидејќи било доцна.
Граѓаните, но и сите посетители кои дојдоа да го проследат настапот на Стив Аоки беа разочарани поради измамата која им ја приреди општина Центар. Голем број коментари и подбивања можеа да се сретнат низ социјалните мрежи, но уште позагрижувачко е што Жерновски не им ја обзнани вистинската причина поради која не настапи ди-џејот.
Дали Жерновски непромислено потроши огромна сума пари на граѓаните кои отидоа фрлени во вода?Градоначалникот Андреј Жерновски договорил озвучување во постапка со преговарање без објавен оглас, во висина од 900.000 денари без ДДВ или целосна

Пронајдете не на следниве мрежи: