Вечерни тоалети, костуми, богати трпези, жива музика беше вчерашната глетка во луксузниот хотел Александар Палас каде се собраа партиски функционери членови на општинската организација на СДСМ Центар, збогатена со присуството на Жерновски и неговиот тим. Поводот беше скапа новогодишна прослава, ни повеќе ни помалку туку во хотелот со 5 ѕвезди Александар Палас, а според непотврдени информации за сето ова плаќале Паркинзи на општина Центар предводена од Саша Богдановиќ кој воедно е и прв човек на општинската организација на СДСМ во Центар, објави вчера порталот Журнал.нет.
Инаку оваа година голем дел од општините се откажаа од новогодишни прослави и решија средствата кои ќе беа потрошени за нивна организација да бидат наменети за хуманитарни цели.
Општината Центар не се согласи со ваквата пракса и не ја откажа прославата, сега општинарите предводени од Жерновски покриваат партиска прослава на СДСМ.
Општина Центар одби да одговори:
Зошто овие пари наместо за славење не биле пренаменети за хуманитарни цели и колку е потрошено?
Зошто ПОЦ плаќа за партиски забави?
Дали се свесни дека направиле злоупотреба на буџетот за партиски цели?
Дали ќе понесат одговорност за ваквата разузданост?
Колку пакетчиња може да се купат во хуманитарни цели?
Зошто има пари за прослави а нема за нови паркови во центар?Поводот беше скапа новогодишна прослава, ни повеќе ни помалку туку во хотелот со 5 ѕвезди Александар Палас, а според непотврдени информации за сето