Денес општина Кисела Вода традиционално по 19 пат го одбележа својот патронен празник Ѓурѓовден. Овој голем пролетен празник кој го најавува будењето на природата и празнувањето на животот со пригодна програма беше одбележан во паркот Шопен.Во одбележувањето на овој празник беа вклучени голем број на ученици од основните училишта и дечиња од градинките кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода.
Тие пред големиот број на присутни се претставија преку изведба на музичко ритмички точки. Покрај ова, одбележувањето на овој голем ден беше збогатен и со сплет на ора кои беа во изведба на КУД Китка од населба Драчево во кое учествуваат ученици од основните училишта на општината.
Денес својот патронен празник со пригодна свеченост го прослави и градинката „Ѓурѓица“ во населба Пинтија. Дечињата од оваа градинка преку изведба на музичко ритмички точки се претставија пред присутните. Оваа градинка која беше пуштена во употреба минатата година е со површина од 420 метри квадратни и изградена е по снадардите за енергетска ефикасност.
Општина Кисела Вода со одбележувањето на Ѓурѓовден, празник кој традиционално бил прославуван од населението во општината, докажува дека се грижи за зачувување на традициите и обичаите.Во одбележувањето на овој празник беа вклучени голем број на ученици од основните училишта и дечиња од градинките кои гравитираат на територијата н