Оптимизмот е добар за здравјето

Оптимизмот е добар за здравјето, помага дури и на ’добриот’ холестерол, покажа американското истражување според кое нивото на ХДЛ холестеролот, како и другите показатели во крвта на здравото срце, биле подобри кај средовечните лица со позитивен поглед на животот.Според резултатите од истражувањето објавено во магазинот American Journal of Cardiology, дел од врската меѓу оптимизмот и добрите вредности на липидите во крвта може да се припише на тенденцијата на оптимистите да ја одржуваат здравата телесна тежина и здравата исхрана. ХДЛ, таканаречениот добар холестерол, е поврзан со заштитата од срцеви болести.„Тоа е уште еден дополнителен доказ кој сугерира дека нашето физичко и психичко здравје се поврзани и дека оптимистичкиот поглед на светот може да има опиплива полза за нашето здравје“, вели Џулија Боем, водач на проектот.Истражувањето покажа дека оптимистите имаат и пониско ниво на триглицеридите во крвта кои играат улога во создавањето на задебелувања на ѕидовите на крвните жили.Претходните истражувања веќе покажаа поврзаност меѓу оптимизмот и намалениот ризик од срцев удар.Истражувањето опфати 990 лица на возраст од 40 до 70 години.
МакфаксОптимизмот е добар за здравјето, помага дури и на ’добриот’ холестерол, покажа американското истражу

Пронајдете не на следниве мрежи: