Оралниот секс го зголемува ризикот од рак на грлото за НЕВЕРОЈАТНИ…

Научниците ја откриja поврзаноста помеѓу ХПВ-16 вирусот и присутноста на тумор во устата, јазикот и крајниците. Ова беше објавено во истражувањето на Универзитетот во Њујорк кое било спроведено врз 97.000 луѓе.HPV е вирус кој што има многу видови, а некои од нив предизвикуваат рак. Вообичаено досега се сметало дека ракот на грлото или главата се предизвикуваат од пушење или прекумерно консумирање на алкохол.
Сепак, на научниците не им било сосема јасно како ракот, којшто вообичаено се врзува за канцерот на матката, станува рак на грлото. Сличноста била тука, но методот бил нејасен. Потоа дошол и заклучокот. Оралниот секс е главен виновник за пренесување на вирусот ХПВ-16 во грлото и хранопроводникот.
Луѓето коишто заболуваат од ХПВ имаат дури 32 пати поголема шанса за да заболат од рак, а ако вирусот се пронајде во грлото, шансата да добиете тумор е за 22 пати поголема од вообичаено.
Всушност, последните резултати од истражувањата покажуваат дека ХПВ вирусот е поголем виновник за рак на грлото и од алкохолот и цигарите. Речиси секој од нас во одреден период од животот ќе добие ХПВ, но оние со послаб имунитет му се поподложни.
Сепак, во ретки ситуации вирусот зајакнува и предизвикува рак на матката, пенисот, анусот, вагината или усната празнина.
Канцерот на грлото е два пати почест кај мажите отколку кај жените, а најчест е кај хетеросексуалните мажи во 40-те и 50-те години од животот, при што поризично е да имате орален секс со жена, отколку со маж.

Пронајдете не на следниве мрежи: