Амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав, се надева дека сите партии ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори кои се закажани на 5 Јуни.Тој констатира дека во делот на медиумите е постигнат одреден баланс и таквата ситуација треба да продолжи и по изборите на 5 Јуни.
Орав во интервју за ТВ НОВА одговара дали постои волја кај сите партии за учество на изборите на 5 Јуни ?
-Да мислам дека доколку намерата на парламентот било тоа , да ги одложи изборите во тој правец , мислам дека сите партии ќе го сфатат многу сериозно и ќе се подготвуваат за изборите на 5 Јуни. Добрата работа е дека сега имаме доволно време да обезбедиме еднакви шанси за сите партии, за да има кредибилни и фер избори. Се надевам дека избирачкиот список ќе биде прочистен и имаме доволно време за тоа. Во делот на медиумите видовме неколку чекори кон балансирано известување и сега е клучно тоа да продолжи по распуштањето на парламентот и по изборите на 5 Јуни, рече Орав.Тој констатира дека во делот на медиумите е постигнат одреден баланс и таквата ситуација треба да продолжи и по изборите на 5 Јуни.