Евроамбасадорот Аиво Орав од утре заминува на годишен одмор. Според неофицијалните информации на медиумите, евроамбасадорот од утре го започнува одморот, па се поставува прашањето како тоа ќе се одрази на политичката ситуација во Македонија.Од делегацијата на ЕУ не даваат прецизен одговор на прашањето дали е точно дека амбасадорот Орав од утре ќе го користи одмор.
Инаку, денеска Брисел го поздрави постигнатиот напредок, но сепак побара итно да се најде решение за спорното прашање, кое неофицијално е за министерот за внатрешни работи.
За потсетување, вчера претставници на четирите партии потписници на Договорот од Пржино, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, имаа нова рунда преговори за излез од кризата во Македонија.
По средбата, претставниците на партиите потписнички на договорот не дадоа изјави. Единствен кој даде изјава беше евроамбасадорот Аиво Орав според кој била завршена значителна работа, бил постигнат голем напредок, освен за едно прашање кое тој не го прецизираше.Од делегацијата на ЕУ не даваат прецизен одговор на прашањето дали е точно дека амбасадорот Орав од утре ќе го користи одмор.
Инаку, денеск