Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес заедно со партиска делегација во чиј состав се Никола Попоски, Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, во Будимпешта оствари средба со премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан.Покрај одвоената средба со премиерот Орбан тој имаше и билатерална средба помеѓу партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ и владина делегација на унгарскиот премиер.
-На средбата Груевски-Орбан беа потврдени одличните и пријателски односи, како и добрата билатерална соработка помеѓу двете држави. Беше разговарано и за предизвиците со кој се соочува Република Македонија поврзани со политичката криза како и плановите по одржувањето на престојните избори и искористување на капацитетите за соработка како на планот на политиката, така и во економската сфера, стои во соопштението од партијата.
Груевски истакнал дека Унгарија е пријателска држава и сојузник на Република Македонија, држава со која изградивме многу високо ниво на односи и заедничка доверба и соработка.
Тој посочи дека Република Македонија може да смета на поддршката на Република Унгарија во поглед на нејзините стратешки интереси за членството во Европската Унија и НАТО.
-Македонија може и понатаму да смета на поддршката и пријателството на Унгарија. Со премиерот Орбан разменивме мислење околу перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ. Ние по изборите ќе продолжиме со напорите земјата што побрзо да се приклучи кон овие организации, изјави Груевски.
На средбата стана збор и за актуелните предизвици врзани со политичката криза во државата и нејзиното надминување при што клучен момент се престојните избори.
-Ние сме политичка гарнитура која е силно посветена за подигнување на животниот стандард на граѓаните, отворање на нови работни места, привлекување на инвестиции и давање на нови перспективи и можности на нашите граѓани. Политичката криза треба да заврши што поскоро, а изборите се најдобрата можност за тоа, и потоа заедно со помошта на нашите пријатели да се фокусираме на понатамошниот развој и напредок на Република Македонија, изјави Груевски.
Премиерот на Унгарија, Орбан ги потврди одличните односи меѓу двете земји и истакна дека Република Македонија може да смета на поддршката на Унгарија. Тој истакна дека развивањето на односите е резултат на заложбата за пријателство на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Имав средба со Никола Груевски со кого имаме долгогодишна соработка. За време на неговото премиерување македонско унгарските односи достигнаа исклучително високо ниво. Меѓу двете држави изградивме вистинско пријателство и заслугата за тоа е на господинот Груевски. Ова пријателство се темели на принципи. И Република Унгарија и Република Македонија имаат свое место во Европската Унија и НАТО. Посакуваме на нашите македонски пријатели да се зачленaт во овие организации што поскоро. Нашата соработка е успешна и ние ги поддржуваме аспирациите на Република Македонија за ЕУ и НАТО, истакна премиерот Орбан.
Премиерот Орбан посочи дека Унгарија со сите можни средства ќе ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО и таквата поддршка ќе продолжи и по изборите на кој ќе одлучуваат македонските граѓани.
-Следуваат избори на кој ќе одлучува македонскиот народ, сакам да потенцирам една работа со сигурност Македонија која има иднина во НАТО и ЕУ секогаш ќе може да смета на поддршката од Унгарија и ќе помогнеме со сите можни средства да стигнете до вашата цел, изјави Орбан на заедничката прес конференција која се одржа со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.Покрај одвоената средба со премиерот Орбан тој имаше и билатерална средба помеѓу партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ и владина делегација на унгарски