За спортистите кои придонесоа Русија да биде најуспешна земја на Зимските олимписки игри кои изминатите 17 дена се одржуваа во Сочи, следуваат награди и признанија. Претседателот Владимир Путин на освојувачите на медали во зависност од пласманот и тежината на дисциплината им додели „Орден за заслуги кон татковината“ прв, втор, трет или четврти степен како и „Орден за пријателство“.
Во освојувачите на медали 12 спортисти беа од московскиот регион и тие од Гувернерот на главниот град на Русија ќе добијат станови.
Освен ордените и становите, освојувачите на медали од Русија ќе добијат и парични награди кои беа предвидени пред почетокот на Игрите како стимул за подобри резултати. Освојувачите на злато ќе бидат наградени со по 122 илјади долари. За освоеното второ место и сребрениот медал наградата беше одредена на 76 илјади долари, додека бронзениот медал ќе биде награден со 46 илјади долари.
Русија Олимпијадата ја заврши со 13 златни, 11 сребрени и 9 бронзени медали или вкупно 33, пред Норвешка со 26 медали (11-5-10) и Канада со 25 одличја (10-10-5).
Извор: МИАПретседателот Владимир Путин на освојувачите на медали во зависност од пласманот и тежината на дисциплината им додели „Орден за заслуги кон т