Организациски модел за соработка помеѓу засегнатите страни во областа на професионална рехабилитација на лица со инвалидитет во Република Македонија

На ден 07/06/2016 (вторник) во просториите на ЕУ инфо Центар се одржа тркалезната маса „Организациски модел на соработка на засегнатите страни во областа на професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност во Република Македонија“, која е составен дел од проектот „Промовирање на услугите за социјална инклузија“-Компонента I Унапредување на професионалната рехабилитација и вработување на лицата со инвалидитет, финансиран од страна на Европската Унија.Проектот има за цел да го подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во понеповолна положба и да ги унапреди еднаквите можности на пазарот на труд.
Главна цел на тркалезната маса беше да се дефинира и да се развие организациски модел на соработка помеѓу засегнатите страни во областа на професионална рехабилитација на лицата со инвалидитет во Република Македонија, а со цел да се зајакне соработката помеѓу релевантните страни во областа на професионалната рехабилитација за лица со посебни потреби.
За време на трклаезната маса проектниот тим презентираше два организациски модела:
1. Креирање на онлине платформа за професионална рехабилитација
2. Создавање на независно тело/сектор/одделение за Професионална Рехабилитација во рамките на Министерството за труд и социјална политика.
„Лицата со попреченост имаат подеднакво право на работа како и сите останати. За да се обезбеди ова право, владите треба да им помогнат во изнаоѓање, здобивање на работно место, негово одржување или враќање на истото. Професионалната рехабилитација подразбира сè што му е потребно на еден човек со попреченост или човек со здравствени проблеми за да остане на работното место, го одржи истото или повторно се врати на работа. Таа се заснова на концептите за давање поголеми права, социјална инклузија, достоинство и почит кон секој човек“, изјави Јелена Вахакоупус, лидер на проектот.Проектот има за цел да го подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во по

Пронајдете не на следниве мрежи: