Ви се јаде нешто благо? Еве, за мнинута ќе биде готово!Потребни состојки:
– 2 белки
– 2 лажички овесни снегулки
– ½ лажичка какао
– 5 лажички млеко
– 1/3 лажичка прашок за пециво
– засладувач
Начин на подготовка
Белките не мора да ги матите во цврста смеса ако не ви се брза. Можете со мала маталка да направите пена, таму додадете ги останатите состојки и ставете ги во микробранова печка на минута. Обрнете внимание чинијата да биде доволно длабока бидејќи тестото ќе се подигне барем 3 пати повеќе од првобитната состојба.
Можеби за нечија микробранова печка ќе треба повеќе време, па затоа проверете после една минута дали треба да продолжите уште некое време. Оваа количина е доволна за едно колаче, за една личност.
Кога ќе го превртите колачето на чинија, премачкајте го со една лажичка пудинг од чоколадо. Потребни состојки:
– 2 белки
– 2 лажички овесни снегулки
– ½ лажичка какао
– 5 лажички млек