Ориент Експрес – сеќавање на една легенда

Фотограф од Ротердам, познат на социјалните мрежи со прекарот Брајан, успеа да фати дел од историјата која денес полека згаснува во заборав.Имено Гранд Ориент Експрес – возот кој бил синоним за луксуз во 1883 година, ги започна неговите патувања со приватната компанија Venice Simplon-Orient-Express.
Сѐ уште постојат само неколку од овие возови. Еден од нив во моментов ја исполнува улогата на хотел во Венеција – Simplon Orient Express.
Други, слично на оној кој ќе го видите на фотографиите подоле, се наоѓа во латентна состојба во Белгија, недопрен од последното негово патување во декември 2009 година.
За татко на „Ориент експрес“ се смета Белгиецот Жорж Нагелмакерс. Првото патување на легендарниот воз започна на 4 октомври 1883 година
Во луксузните вагони тпрестојувале австрискиот цар Франц Јосиф, британската кралица Елизабета Втора, Оноре де Балзак, Шарл де Гол, Агата Кристи и многу други.
Возот патувал по две маршрути. Растојанието од Париз до Будимпешта и Букурешт до Истанбул било поминато за шест дена. Два дена траело патувањето од Лондон до Париз, па сѐ до Венеција.
Погледнете како изгледа денес една напуштена легенда:
Имено Гранд Ориент Експрес – возот кој бил синоним за луксуз во 1883 година, ги започна неговите патувања со приватната компанија Venice Simplon-Or

Пронајдете не на следниве мрежи: