Оригинален рецепт за превкусна баклава!

Најпопуларното слатко задоволство на нашите простори… Подгответе ја по оригинален рецепт.Потребно е:
– 500 г кори за баклава
– 600 г ореви
– 1,5 кг шеќер
– 1 пакетче ванилин шеќер
– 250 г маргарин
– 750 мл вода
Подготовка:
Измелете 300 гр. ореви, а останатите исечкајте ги ситно.
Земете две кори и поставете ги една над друга. На едниот крај од корите по целата должина дарежливо ставете ореви, а потоа виткајте ги корите како ролат, започнувајќи од страната на која ги ставивте оревите.
Ролатот ставете го во плех и повторете ја истата постапка со сите останати кори.
Растопете ја коцката маргарин. Исечете ги корите на неколку делови (4 или 5) и потурете ги рамномерно со растопениот маргарин.
Во загреана рерна на 180°C ставете ја баклавата да се пече 30-40 минути, односно додека да добие златна боја. Извадете ја и оставете ја да се олади.
Во длабок сад за варење измешајте го шеќерот со 750 милилитри вода. Ставете го на тивок оган и откако ќе се растопи шеќерот, додајте го ванилиниот шеќер. Оставете го да врие точно 3 минути.
Тргнете го шербетот од оган и додајте половина филџан ладна вода. Оставете го малку да се излади. Важно е шербетот да биде топол, но не премногу жежок (Кога ќе го ставите прстот во него, да можете да ја трпите топлината).
Со добиениот шербет потурете ги изладените баклави и оставете ги да отстојат барем неколку часа за да го впијат шербетот.Потребно е:
– 500 г кори за баклава
– 600 г ореви
– 1,5 кг шеќер
– 1 пакетче ванилин шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: