Преживеаните по крвавиот напад на Омар Матин во геј-клубот „Пулс“ во Орландо, на прес-конференција одржана во болницата каде се сместени, сведочеа пред новинарите за хоророт кој го преживеале.Дваесетгодишната Пејшенс Картер, во клубот била со уште две другарки. Нејзината 18-годишна другарка Акира Мареј е меѓу оние 49 убиени.
– Беше два часот по полноќ кога ги чувме првите истрели. Мислевме дека газдите на тој начин сакаат што побрзо да ги избркаат посетителите од клубот или дека диџејот намерно го прави тоа на миксетата. Не ни помислив дека ова е вистина – вели таа.
Рефлексно легнала на подот и почнала да ползи кон излезот, а и се придружила и Мареј. Надвор сфатиле дека нивната трета другарка Тијара Паркер не успеала да излезе.
Се вратиле да ја побараат и трите се сокриле во тоалетот. Кога напаѓачот влегол таму, прашал дали внатре има црномурести луѓе.
– Јас не бев во состојба да одговорам, но некој друг кажа. Тој рече дена нема проблем со црномурестите, бидејќи тие веќе многу имаат пропатено – раскажа таа.
Во несреќен сплет на околности, нејзината пријателка подоцна е погодена во ногата, по што им подлегнала на повредите. Картер вели дека никогаш нема да си прости што се вратиле повторно внатре.
Дваесетгодишната Пејшенс Картер, во клубот била со уште две другарки. Нејзината 18-годишна другарка Акира Мареј е меѓу оние 49 убиени.
&nda