Фудбалерите на Србија до 20 години, станаа светски шампиони откако со 2:1 го победија Бразил во финалниот натпревар.Немања Максимовиќ е херојот на младите „Орли“ кои утрово во Нов Зеланд ја совладаа репрезентацијата на Бразил со 2:1, по продолженија.
Во регуларниот дел од натпреварот, поведе селекцијата на Србија преку Станиша Мандиќ, за подоцна да изедначи на 1:1 фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира и да најави продолженија.
Максимовиќ голот за Србија го постигна во 118. минута и им ја донесе титулата светски шампиони на репрезентативците на Србија.Немања Максимовиќ е херојот на младите „Орли“ кои утрово во Нов Зеланд ја совладаа репрезентацијата на Бразил со 2:1, по продолженија.