Осаменоста е болест на модерното време

Во современиот свет многумина живеат повлечено, особено младите луѓе. Многу покомплициран е животот на личностите кои не можат сами, тие не сакаат, не можат и не смеат да бидат сами ни за момент. Едно е јасно: Осаменоста е наш избор. Овој феномен на човечко однесување е последица на начинот на живот на современата цивилизација. Наспроти природната потреба на човекот да контактира со другите, кај многумина тоа изостанува, а технолошките иновации се повеќе ја анестезираат желбата за зближување.

Дали животот на осамените е комплициран?
Многу покомплициран е животот на личностите кои не можат сами и на оние чиј животот им е потполна катастрофа доколку не се опкружени со другите, бидејќи тие не сакаат, не можат и не смеат да бидат сами ни за момент.
Осамените луѓе се повпечатливи, не само заради тоа што се осамени, туку и поради скриените причини што ги носи тој факт. На што мислат, што сонуваат, кому му веруваат, кого го сакаат, постои ли бар некој кој им е многу важен во нивниот живот?… Тоа се најчестите прашања кои ги поставуваат останатите кога ќе здогледаат осамен човек. Таквата личност е најчесто во некој свој свет по сопствен избор. На овој феномен никој не е до крај имун, што значи дека може да му се случи на секого во некој период од животот. Едно е јасно: Осаменоста е наш избор. Овој феномен на човечко однесување е последица на начинот на живот на современата цивилизација. Наспроти прир

Пронајдете не на следниве мрежи: