Осигурување на операции, нов производ на Триглав Осигурување

Триглав Осигурување воведе на пазарот нов производ во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување – осигурување на операции. Овој осигурителен производ е дополнување на осигурувањето на специјалистичко амбулантно лекување, којшто Триглав го воведе на пазарот во април минатата година и со него клиентите обезбедуваат поддршка и помош во најстресните моменти во животот.Имајќи го во предвид сè поизразениот интерес за осигурување во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, Триглав воведе нов производ на пазарот – осигурување на операции, којшто клиентите на Триглав кои имаат осигурување на специјалистичко – амбулантно лекување, можат да го одберат и да обезбедат за себе и за своите најблиски врвна здравствена грижа и високо квалитетни медицински услуги.
Осигурувањето на операции овозможува покритие на севкупните трошоците за оперативни зафати, коишто се дел од листата на операции опфатени со овој вид на осигурување, вклучувајќи хоспитализација и подготовка за операција, интервенција, како и престој во болницата по самиот зафат. Осигурувањето на операции е комплементарно со осигурувањето на специјалистичко амбулатно лекување коешто ги покрива трошоците за специјалистичко-амбулантни здравствени услуги, вклучувајќи прегледи, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите што не се опфатени со фондот на здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции. И обата производи му овозможуваат на клиентот поддршка во целокупниот процес, од моментот на утврдување на одредена медицинска состојба, до интервенција по повод истата.
Во оваа прилика, Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ изјави: “Како пазарен лидер, целиме да бидеме креатори на растот на севкупниот пазар на неживотно осигурување, но тоа со себе носи и голема одговорност кон јавноста и кон нашите клиенти. Подразбира фокус на развој на нови производи и услуги, како додадена вредност на постоечките, како и посветеност на едукација на населението, со цел да се зголеми свеста за потребата од осигурување. Токму таков продукт е и осигурувањето на операции, како дел од стратешкиот проект на групацијата Триглав за развој на доброволното приватно здравствено осигурување на македонскиот пазар. Убеден сум дека квалитетот и релевантноста на производите што ги нудиме, како и посветеноста да ги исполнуваме очекувањата ќе придонесат кон задоволството и лојалноста на клиентите на Триглав Осигурување, но и кон натамошен развој на осигурителната индустрија”.
„Доброволното приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за себе и за своите најблиски. Токму затоа, во Триглав Осигурување создаваме нови можности за врвна заштита на здравјето, кои што одговараат на барањата на пазарот, на потребите на клиентите и на нивните можности. Експертизата на вработените во Триглав Осигурување Скопје секако придонесува да креираме исклучително квалитетни и конкурентни производи, кои што на клиентите им обезбедуваат вистинска додадена вредност”, дополни г. Војновиќ.
Триглав Осигурување Скопје
Триглав Осигурување е дел од Групацијата Триглав, најголема осигурително-финансиска групација во Југоисточна Европа. На македонскиот пазар е присутна од 1968 година. Континуирано има најголем удел на пазарот, и претставува водечка осигурителна куќа за неживотно осигурување. Деловната мрежа се состои од повеќе од 45 продажни места, како и со над 250 вработени. Со тоа друштвото е спремно да обезбеди комплетна и навремена осигурителна услуга – од склопување на полиси за скоро сите класи на неживотно осигурување до исплата на штети.
Групација Триглав
Групацијата Триглав со своето знаење, искуство и финансиска моќ веќе 115 години ја оправдува довербата на осигурениците дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурување и управување со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во Адриа регионот е една од водечките  во Југоисточна Европа, која работи во шест држави и на седум пазари, на кои вработува 5.400 лица. Високото ниво на финансиска стабилност го потврдуваат долгорочното ниво на кредитниот бонитет и оценка на финансиската моќ »A-», со позитивна среднорочна прогноза од страна на  бонитетните агенции Standard and Poor's и A.M. Best. Главните вредности на друштвото се стручноста, сигурноста, едноставноста и општествената одговорност, со мисија да градиме посигурна иднина.
 Имајќи го во предвид сè поизразениот интерес за осигурување во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, Триглав в

Пронајдете не на следниве мрежи: