Оскар Писториус осуден на 6 години затвор!

Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус (29) е осуден денеска од судот во Преторија на шест години затвор, за убиство на неговата девојка.Претходно, тој беше осуден на пет години, за убиство по грешка и веќе помина една година во затворската ќелија.
Во декември минатата година, Вишиот суд на Јужна Африка ја поништи првичната квалификација на делото и наместо за убиство по грешка, го оквалификува случајот како намерно убиство, па наложи на казна за обвинетиот.
За вакво кривично дело, максималната казна изнесува 15 години. Судијата во процесот, висината на новата казна ја објасни со „посебните околности“ поврзани со Писториус, неговата состојба, потребата за рехабилитација и двете ампутирани нозе.
Засега не е познато дали Обвинителство, како и одбраната ќе се жалат на пресудата.
Во февруари 2013 година, Писториус четири пати пукаше од својот пиштол низ затворената врата на бањата во неговата вила во Преторија, убивајќи ја својата девојка Рева Стенкамп.

 
На првото сослушување, а и во текот на судењето тој се бранеше дека не знаел оти во бањата влегла неговата девојка и мислел оти таму се крие некој провалник.

Полицијата и обвинителството не веруваа во оваа верзија на трагичниот инцидент, обвинувајќи го Писториус дека пукал намерно, во разгневена состоба, откако претходно тој и Стенкап „бучно се расправале“.
Како единствени сведоци за ваквото тврдење беа посочувани некои соседи кои ја слушнале расправијата.
Оскар Писториус е поранешен спортски херој на Јужна Африка. Тој има освоени шест злани медали на параолимпискте игри, во атлетика, но во историјата на олимпизмот влезе на Игрите во Лондон, 2012 година, кога со своите специјални протези, трчаше на Олимпијадата на 400 метри.Претходно, тој беше осуден на пет години, за убиство по грешка и веќе помина една година во затворската ќелија.
Во декември минатата година

Пронајдете не на следниве мрежи: