Оскар Писториус, јужноафриканскиот параолимпиец, ја застрелал својата девојка, во неговиот дом во Преторија, јави BBC.Полицијата соопшти дека девојката е застрелана во главата и во раката, а починала на лице место.Точните околности на убиството не се познати, но се претпоставува дека Писториус ја помислил дека е провалник.26-годишниот тркач, познат како блејд ранер, е првиот човек со двојна ампутација на нозете кој трчаше на Олимпијадата.Јужна Африка има висока статистика на криминал, а многу жители чуваат оружје дома за да се одбранат од криминалците.Но, репортерот на BBC јавува дека оние кои сакаат да поседуваат оружје поминуваат низ долга процедура.Писториус се натпреваруваше со карбонски патерици, кои имаат функција на протези, затоа што нозете му се ампутирани бидејќи е роден без главната ножна коска, фибула во двете нозе.
МакфаксОскар Писториус, јужноафриканскиот параолимпиец, ј