Оскаровецот Џон Сил положи букет цвеќе на гробот на Милтон Манаки

Традицијата на положување цвеќе на гробот на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки (1880-1964), на Влашките гробишта во Битола, продолжи и на 37. ИФФК „Браќа Манаки“. Делегацијата, која ја предводеше раководниот тим на фестивалот, Благоја Куновски – Доре и Гена Теодосиевска, уметнички директор, беше составена од оскаровецот Џон Сил и неговата сопруга Луиз, Најџел Волтерс, како претставник на ИМАГО, повеќе млади кинематографери – гости на фестивалот, претставници на Советот на Општина Битола, на влашката заедница и на политичките партии од Битола.Оскаровецот Џон Сил пред гробот на Милтон Манаки одржа кратка беседа во која рече:
-Бидејќи браќата Манаки со филмската работа почнале во 1905 година, навистина е прекрасна чест да се биде тука, како дел од церемонијата на фестивалот посветена на браќата Манаки. Исто така, ова е прекрасна можност и привилегија на младите кинематографери, и на сите кинематографери кои се присутни на фестивалот, да видат како фестивалот „Браќа Манаки“ ја одржува традицијата со која ја чествува работата на браќата Манаки, кои почнале да работат, речиси, со почетоците на светската кинематографија. Навистина е огромна чест да се биде тука и да се искаже почит кон творештвото на двајцата „татковци“ на кинематографијата – рече Џон Сил, положувајќи букет цвеќе на гробот на Милтон Манаки на Влашките гробишта во Битола.
Вчера вечер, во рамките на програмата на 37-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“, беше одбележан и јубилејот 45 години македонски анимиран филм, кој беше организиран во соработка со Кинотеката на Македонија. Во малата сала при Центарот за култура во Битола беа прикажани десет анимирани филмови од македонски автори.
Филмологот Сунчица Веселиновска од Кинотеката на Македонија објасни дека селекцијата на анимираните филмови е составена со цел да го прикаже развојот на анимираниот филм.
– Публиката имаше можност да погледне селекција од десет анимирани филмови од позначајни македонски аниматори кои твореле во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, како и анимирани филмови од помладите автори. Значајно е да се истакне дека Кинотеката на Македонија и понатаму се грижи за чувањето и заштитата на анимираниот филм, кој е од особено значење за македонската кинематографија – рече Сунчица Веселиновска.
Вечерва, со свеченото доделување на наградите Златна Сребрена и Бронзена камера 300, на Мала Златна камера 300 за најдобар краток филм, како и на специјалтната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на познатиот американски кинематографер Федон Папмихаил и „Голема Ѕвезда“ на продуцентот Сајмон Пери и со проекцијата на филмот „Златна петорка“, кој се прикажува надвор од конкуренција, ќе заврши 37. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.Оскаровецот Џон Сил пред гробот на Милтон Манаки одржа кратка беседа во која рече:
-Бидејќи браќата Манаки со филмската работа почнале во 1

Пронајдете не на следниве мрежи: