ИФФК „Браќа Манаки“ со задоволство соопштува дека доцна синоќа во Македонија пристигна славниот австралиски кинематографер Џон Сил. Тој по долгото патување од Австралија, на скопскиот аеродром стигна заедно со својата сопруга Луиз. Опуштени, добро расположени и пред се’ љубопитни да ја запознаат земјата и фестивалот што ја слави креативната моќ на кинематограферите.Сил, по кусиот одмор, денеска во Скопје, ќе замине во Битола каде на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура, ќе ја прими наградата за животно дело „Златна Камера 300“ и ќе се вброи во Клубот на великаните на филмската камера на фестивалот „Браќа Манаки“.
Џон Сил (John Seale) снимил дел од најзначајните остварувања на светската филмска уметност, а во 1997 година освои Оскар за филмот „Англиски пациент“. Тој ги има снимено филмовите како THE TALENTED MR. RIPLEY (1998) и COLD MOUNTAIN (2002), потоа незаборавните DEAD POETS SOCIETY (1988) и WITNESS (1985) . Во 2015 година беше номниран за Оскар за филмот MAD MAX: FURY ROAD.
На фестивалот во Битола, публиката ќе има ретка можност да проследи и разговор/мастер клас со големиот кинематографер Џон Сил.
Сил, по кусиот одмор, денеска во Скопје, ќе замине во Битола каде на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура, ќе ја пр