Ослабела 150 килограми и за прв пат облече костим за капење

30-годишната Жаклин Адан на Инстаграм ја сподели првата фотка во костим за капење по многу години, и тоа со намалени 150 килограми.Секако дека била нервозна, меѓутоа била на одмор во Мексико и решила дека тогаш е вистинското време за првиот чекор кон себе-прифаќањето.
„Бев нервозна кога го одврзав материјалот со кој бев покриена и прошетав покрај базенот накај плажата. Уште се чувствував како таа дебела девојка од 230 килограми… и тогаш се случи.

 
Парот кој седеше покрај базенот почна да се смее и да покажува со прст накај мене во моментот штом се разголев.
Земав воздух, се насмевнав и продолжив да одам покрај базенот. Тоа беше важен момент за мене. Ме промени. Повеќе не сум дебелката девојка која се плаши.“

Жаклин пати од вишок кожа која останала по драстичното слабеење, но сепак се труди да биде најдобра фитнес мотивација која може за нејзините Инстаграм фанови.Секако дека била нервозна, меѓутоа била на одмор во Мексико и решила дека тогаш е вистинското време за првиот чекор кон себе-прифаќањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: