Ослабела 40 килограми, и што е најважно не се откажала од сладоледи, сендвичи и чоколадни колачи, туку…

Кира Отавеј уште од детството имала проблем со вишокот килограми, а откако ја изгубила работата од соништата, тагата почнала да ја „убива” во слатки и килограмите само се таложеле.Во една работилница научила дека не мора опсесивно да ги брои калориите, туку дека мора да се фокусира на хранливата вредност на храната која ја внесува во организмот. Претходно на работа ги јадела колачите кои ги подготвувала со изговор дека сите мора да ги проба, но потоа се ослободила од таа лоша навика.
За две години таа изгубила 40 килограми, а ова се советите кои сака да ги сподели со сите кои имаат проблеми со прекумерната телесна тежина.
– Препознајте ја причината за вашето прејадување. Додека не го дознаете проблемот поради кој премногу јадете, нема успешно да ослабете бидејќи тврдоглавите килограми секогаш ќе се враќаат.
– Држете се до методот 3 + 2 (3 големи оброци дневно и 2 помали). Така секогаш во текот на денот ќе бидете сити и нема да чувствувате потреба за дополнителна храна.
– Престанете да ги броите калориите на декларациите и сконцентрирајте се на броењето на хранливи материи. Тоа е многу поважно и се’ додека вашата диета се состои од здрава исхрана која ја комбинирате со телесна активност и вежбање, сигурно ќе ослабете.

– Пронајдете поддршка. Доверете им се на пријателите и семејството за тие да ви бидат поддршка во текот на слабеењето. Понекогаш луѓето поради неразбирање неправилно реагираат на одредени ситуации, па на пример на вечера ќе ве тераат да јадете нешто што сте го исфрлиле од исхраната со аргумент дека „килограмите секако добро ви стојат”. Објаснете им дека сакате да ослабете поради своето здравје, а не поради изгледот и тогаш ќе ги избегнете ваквите ситуации.
– Почестете се со храна која ја сакате. Меѓутоа, немојте тоа да го нарекувате ‘мамење на диетата’ бидејќи со храната не смеете да поврзувате негативни конотации. Таа не е зло, туку тука е да ви помогне да бидете што поздрави, а во исто време да уживате. Затоа, дозволете си себеси еден ‘слободен’ оброк неделно и продолжете понатаму.
– Не избегнувајте благо. Со оглед на тоа што сум слаткарка, ми требаше долго време да научам да ја контролирам мојата зависност од шеќер. Сега разбирам дека секому понекогаш му треба нешто слатко. Важно е да се најде баланс измеѓу потребата и внесувањето на слатки работи. Тоа, на самиот крај, е попродуктивно од целосно откажување.Во една работилница научила дека не мора опсесивно да ги брои калориите, туку дека мора да се фокусира на хранливата вредност на храната која ја вн

Пронајдете не на следниве мрежи: