Ослабела 50 килограми и открила тажна вистина…

Доколку по некоја тешка случајност сте била на прославата на 20-от роденден на Енди мишел, би биле разочарани бидејќи немало торта. Славеничката, која тогаш имала 50 килограми  повеќе од денес, ја изела целата торта пред да успее да ја послужи пред гостите. По безброј неуспешни диети, таа конечно успеала да ослабе – само за да открие дека тоа воопшто не ја прави среќна.Таа сега има идеална линија, но по ослабнувањето сфатила  една горчлива вистина. Нејзината приказна почнува пред 8 години, кога била дебела и толку уживала во храната што ја изела цела торта која ја подготвувала за гостите.
„Додека бев дебела, многу се срамев да им покажам на луѓето колку јадам. Секогаш јадев скришно, и ги криев хартивчињата од чоколатцата и брзата храна. По јадењето чувствував вина. Почнав да се мразам себеси, се запуштив и прифатив дека немам контрола. Мислев дека заслужувам казна, а плачењето ми делуваше како соодветна казна“, се потсетува таа.
Сега, осум години подоцна, повторно стои во кујната и ја прави истата торта. Но, откако изгубила 50 килограми, самата помисла за тортата не ѝ разбудила ниту глад ниту желба- туку СТРАВ. И тоа траело со години.
„Откако ослабев, со години  се плашев да јадам. За роденден  поминував часови  смислувајќи како да ја избегнам тортата, смислував изговори. Смислував како можам да ја џвакам тортата пред гостите, а потоа да ја плукнам. Поминаа три родендени, а јас не ни пробав од тортата. Слабата линија која ја добив донесе со себе проблеми. Тоа беше страв од повторно здебелување. Таа сенка секогаш ме следеше, но на сите им делував поздраво од било кога, па се правев дека се е во ред – продолжува таа.

Но не било се во ред. Иако повеќе не морала да купува облека во бутик за дебели, таа не била среќна. Кога одела на гости, лажела дека штотуку јадела- за да не мора да јаде пред нив. Кога одела во кино, купувала пуканки кои не планиала да ги јаде, а остатоците од вечерата внимателно ги собирала а потоа ги фрлала во ѓубре.
Но, успеала да се избои со своите стравови. Сега може да ја направи омилената торта, и да изеде едно парче во кое ужива без  страв или вина.

„Сега сфаќам дека моите верувања беа црно-бели… беше трагедија да се живее така. Но, најдов алтернатива, средина баланс. Сега драматично се променив. Можам и сакам да изедам цело парче торта! Уживам во вкусот на чоколадотои кога ќе ја оставам чинијата не барам второ парче. Јадам торта пред сите, не се кријам, се гордејам“, твдр Енди, која веќе долго време одржува совршена тежина.
Секоја година откако ослабела ја прави истата чоколадна торта, И секоја година ѝ се чини дека има поинаов вкус.
„Дали се променил вкусот? Или можеби јас се променив?“, се прашува таа.Таа сега има идеална линија, но по ослабнувањето сфатила  една горчлива вистина. Нејзината приказна почнува пред 8 години, кога била дебела и

Пронајдете не на следниве мрежи: