Елора Хар (21) од Нов Зеланд успеала да ослаби 55 килограми, но токму тоа ѝ донело еден нов проблем, вишок кожа. Во државна болница не сакале да ја оперираат, нивно оправдување било недостаток на средства. Оваа девојка упатила писмо до болницата и министерството да здравство во кое изнела колку и е тежок овој проблем.„Зошто е тоа така кога за кратко време станавме дебела нација. Зошто операцијата за некој кој успеал да ослаби толку е голем трошок за државата, зошто нема средства?“, напишала Елора во писмото кое го испратила до болницата и министерството за здравство.
Чекала 6 месеци за операцијата но одговорот на докторите не ја задоволил.
„Дознав дека таа операција може да ми го промени животот, знам дека е така. Не сакам да живеам со вишок кожа, кој не е само физички проблем туку и лошо влијае на мојата психа“, додала Елора.
Нејзе ѝ е тешко секој ден својот проблем да го прекрива со облека.
„Мојата молба не требаше да биде одбиена, само затоа што мојот проблем е поинаков. Треба да го поддржиме се што е добро за нашето здравје, а да спречиме се што го нарушува“, пишува во писмото.
Елора се надева дека нејзиното писмо ќе ја промени одлуката на болницата. На фејсбук страната „The Shrinking Violet” оваа девојка со фотографии ја покажала својата трансформација, и на оваа страна има околу 20.000 фанови.
Проблемите со дебелеењето почнале кога Елора имала 10 години. По смртта на татко ѝ тагата ја лечела со храна. Како што кажала, зависноста од храната е иста како сите останати бидејќи лесно се привикнувате на задоволство кои го овозможуваат омилените намирници.
На 19 години одлучила да ослаби бидејќи била многу исплашена за своето здравје.
„Толку се плашев од смртта, никому не можев да му кажам за тоа бидејќи пријателите ме задеваа околу тоа“.
За две години се ослободила од вишокот килограми со помош на совети од нутриционист и вежбање. Така се ослободила и од стравот и хроничната главоболка.
Нејзината приказна наишла на одлична поддршка од луѓето на Фејсбук, кои ѝ уплатиле 3.000 евра парична помош за побрзо да дојде до операцијата.
За операција ѝ се потребни околу 35.000 евра.„Зошто е тоа така кога за кратко време станавме дебела нација. Зошто операцијата за некој кој успеал да ослаби толку е голем трошок за



