Кога докторите и рекле дека нема да ги дочека 40-тите ако остане дебела, одлучила да го промени начинот на живот, ризикувајќи мажот кој го сака да ја остави.Ив Паркер (27) одлучила да ослаби, но кога успеала да симне 68 килограми и да живее здрав живот, свршеникот ја оставил. Ив вели дека била во врска со човек кој бил „опседнат со буцкасти жени“ и тврди дека ја оставил бидејќи ослабела.
Ив имала 158 килограми кога момчето ја запросило. Но, кога успеала да ослабне на 90 килограми, тој ја оставил.
– Кога го запознав, бев огромна, а на него тоа му се допаѓаше кај мене, Поради тоа во себе постојано преживував внатрешен конфликт поради дебелината која беше проследена со висок притисок и прифаќањето и љубовта од момчето – вели таа.
Кога докторите и рекле дека нема да ги дочека 40-тите ако остане дебела, одлучила да го промени начинот на живот, ризикувајќи мажот кој го сака да ја остави.
– Знаев дека нема да ме поддржи и тоа беше една од најтешките одлуки кои морав да ги донесам. Но се одлучив за слабеење и здрав живот, знаејќи колку го ризикувам опстанокот на својата врска – вели Ив.
Сега е тешка 90 килограми, се чувствува одлично и тврди дека раскинувањето и помогнало да напредува.
– Не се сакав себе си вистински, сега се чувствувам феноменално – признава таа.
Без оглед на тоа што ослабела, таа се уште не застанува и не престанува да вежба и да се храни здраво.Ив Паркер (27) одлучила да ослаби, но кога успеала да симне 68 килограми и да живее здрав живот, свршеникот ја оставил. Ив вели дека била во врска



