Ослабела 95 килограми и ЗА ПРВ ПАТ облекла бикини!

Мелори Бетнер прв пат во животот облекла бикини откако ослабела неверојатни 95 килограми и отстранила скоро 5 килограми вишок кожа.Мелори пред две години по хируршки пат го намалила желудникот за помалку да јаде бидејќи нејзината тежина достигнала скоро 182 килограми.
Благодарение на гастричен бајпас оваа бројка е намалена на 84 килограми.

За да ја заврши својата трансформација, на Мелори и остана само да ја отстрани вишокот кожа од стомакот и рацете.
Со оглед на тоа дека никогаш во животот не носела ббикини, па дури ни во сопствената куќа, за нејзино воодушевувње не било крај кога го купила својот прв дводелен костум за капење.
Меѓутоа новото витко тело со себе донело и одредени проблеми – вклучувајќи и компликации за време на операцијата и откажување на венчавката бидејќи поранешниот свршеник сметал дека има проблеми да излезе на крај со својот нов живот и се плашел дека ќе го остави кога ќе ослабне.
Сепак, оваа храбра девојка одлучила со светот да ја сподели својата приказна за да ги мотивира другите луѓе со истиот проблем да побараат помош.

„Никогаш не сум носела бикини. Помислата да облечам костум за капење дури и во сопствената када ми беше застрашувачка. Но сега буквално не сакам да се соблечам од него. За прв пат чувствувам дека мојата надворешност се согласува со мојата внатрешност“,раскажува таа…
Продолжува на следната страна:

 
Нејзината диета била исклучиво рестриктивна и подразбирала внесување 500 до 800 калории дневно, но благодарение на неа Мелори успеала да ослабе 36 килограми.
Меѓутоа со оглед на тоа дека овој начин на исхрана за неа бил преска, Мелори морала да прави одредени компромиси, и тогаш килограмите почнале да се враќаат.
„Имав епизода на бес кај докторот и тогаш тој ми препорача операција. Најпрво идејата не ми се допаѓаше. Мислев дека операцијата не ми е потребна и дека тоа е измама и дека можам да ги изгубам килограмите по природен пат. На крајот сешак одлучив дека тоа е најдобро решение“, додава таа.
Денес Мелори и понатаму внимава на својата исхрана и јаде од мали чинии за да ги контролира порциите храна која ја конзумира и редовно тренира.
„Сите мислат дека сте мрзеливи или едноставно не ви е гајле кога имате вишок килограми. Морав да барам помош и сметам дека нема никаков срам во тоа и дека секој кој има сличен проблем би требало да ја направи истата работакако и јас“, завршува Мелори.
Мелори пред две години по хируршки пат го намалила желудникот за помалку да јаде бидејќи нејзината тежина достигнала скоро 182 килограми.
Б

Пронајдете не на следниве мрежи: