четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ослабнала 50 килограми за 9 месеци по природен пат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога нејзината вага покажала 120 килограми, Кејт Рајтер одлучила да ослабне на потполно природен начин, што резултирало со губење на 50 килограми за само 9 месеци.Нејзиниот појадок се состоел од енергетски пијалок и чоколадо, цел ден консумирала чипс и нездрава храна, а вечерала два пати во денот – еднаш во ресторан за брза храна и еднаш дома. Со нездравиот начин на живот, оваа 25-годишна девојка започнала откако го запознала сегашниот вереник Ник Џоунс. 
“Кога го запознав Ник, имав околу 80 килограми и бев малку “буцкаста”. Но тој ме сакаше таква, па затоа брзо и се опуштив и заборавив на килограмите. Поголемиот дел од деновите вечеравме брза храна и пред да се свестам, мојата тежина беше поголема од нормалното”, вели Австралијанката.

 
Нејзиното таложење на килограмите не ѝ сметало сè додека тежината не започнала да влијае врз нејзиното здравје. Работела како помошник во продавница и постојано стоела. Од ваквата работа, нозете ѝ отекувале до таа мера што не можела ниту да вози.
 “Порано постојано спортував, но ја сакав и храната па затоа никогаш не се грижев дали таа е добра или лоша за моето тело. Но, потоа во мојот живот дојде Ник кој исто така обожува храна и не се грижеше околу тоа колку е здрава. Тој остана ист, а јас само продолжував да се дебелеам”, изјавила Кејт.
Кога решила да ослабне, таа за почеток само ги намалила оброците.
“Сè што правев е намалување на оброците и само за една недела ослабнав околу осум килограми. Не можев да поверувам. Потоа, почнав да користам апликација за броење на калории и почнав да внимавам што внесувам во моето тело. Откако сфатив колку сум го занемарувала своето тело, се навлеков на здравиот начин на живот и набрзо почнав со строг режим на вежбање. Сакав природно да ослабнам и сакав тело кое ќе го покаже сиот мој труд”.
 Нејзиниот појадок се состоел од енергетски пијалок и чоколадо, цел ден консумирала чипс и нездрава храна, а вечерала два пати во денот &ndash

Поврзани вести