Рози Меркадо успеала да ослабне повеќе од 100 килограми. Но, наместо да го слави својот успех, таа е принудена да се бори со ужасните коментари на луѓето.Рози живее во Лас Вегас и е мајка на 3 деца. Кога достигнала тежина од алармантни 186 килограми, сфатила дека мора да направи нешто за себе.
За почеток пчнала да држи диета, потоа продолжила со вежбање, а кога доволно ослабнала, отишла на операција за намалување на желудникот. Резултат на сето ова: Таа сега е манекенка за големи броеви, и тежи 78 килограми. Таа, се разбира, е горда на себе, и очекувала поддршка и од останатите.
Но, наместо тоа, наишла на страшни коментари и закани од, како што таа ги нарекува „активистите на дебелите луѓе“.
„Заканувачките пораки се мое секојдневие. Фановите ми велат да се фрлам од мост затоа што ослабнав, а на дебелите активисти не им се допаѓа тоа што јавно говорам за слабеењето и за моето искуство, и мислат дека тоа е линија на помал отпор“, изјавува таа за медиумите.
Рози живее во Лас Вегас и е мајка на 3 деца. Кога достигнала тежина од алармантни 186 килограми, сфатила дека мора да направи нешто за себе.