Ослободете се од црнките на носот

Речиси и да нема личност која не ја мачат црнките на носот.За да не продолжите да се мачите со истите и да не трошите пари на третмани и пилинг, црнките на носот можете да ги отстраните и самите, во домашни услови по далеку поевтина цена.
Сварете вода и парете го веќе претходно измиеното лице над истата највеќе десет минути. Не заборавајте дека за оваа метода на чистење неопходно е да ја прекриете главата со крпа со цел пареата да биде насочена кон лицето.
Она што следи е чистење на носот со пилинг направен од лажичка сода бикарбона и лажичка вода. Масирајте го пределот на носот со оваа смеса 3-5 минути, а потоа измијте го лицето со вода.
За крај ви е потребна промешана белка од јајце, која ја нанесувате на пределот на носот и околу него го прекривате делот со исечена лента на палома, или тоалетна хартија.  После неколку секунди повторно го нанесувате остатокот од белката на хартијата, па чекате добро да се исуши. Кога ќе го отстраните вашата кожа ќе биде мазна и без црнки.За да не продолжите да се мачите со истите и да не трошите пари на третмани и пилинг, црнките на носот можете да ги отстраните и самите, во домашни

Пронајдете не на следниве мрежи: