Оние кои имаат чести главоболки, најдобро знаат какви се тие маки. Конзумирањето на лекови нема никаква поента, доколку болките константно се враќаат.Меѓутоа постои можност по природен пат да ги прекинете досадните главоболки. Не ви се потребни никакви креми ни масажи. Поентата е водата.
За да го примените овој едноставен метод, потребни ви се лавор, крпа и вода.
Во лаворот ставете врела вода.
Од друга страна, земете памучна крпа која не ја користите секојдневно и натопете ја со ладна вода. Кога ќе го направите ова, седнете на удобна столица.
Нозете ставете ги во лавор, а околу главата врзете ја крпата натопена со ладна вода. Седете така додека водата во лаворот не се олади.
Ќе почувствувате како болката полека поминува. Целата поента е во поткренувањето на циркулацијата. Слабата циркулација доведува до пореметување на протокот на крвта низ целиот организам. А тогаш настанува поспаност, слабост, слаба концентрација, главоболки…Меѓутоа постои можност по природен пат да ги прекинете досадните главоболки. Не ви се потребни никакви креми ни масажи. Поентата е водата.