Дури и ако не сте напреден корисник, постои начин како лесно да се ослободите од програмите го забавуваат работењето на компјутерот. Нема дилеми како и да го користите компјутерот и какви сајтови посетувате, тој по одредено време ќе се успори…Еден од првите начини преку кои се забележува тоа е се подолгото време што му е потребно за да го стартува оперативниот систем. Меѓу главните причини се „startup“ програмите, односно софтверот што се активира во исто време со оперативниот систем, а колку повеќе такви програми има, толку повеќе време ќе му треба да се подигне.
Ситуацијата може да се поправи со отстранување на некои од овие програми од startup-от што треба да ги спречи автоматски да се активираат со Windows-от. Сепак дилемата е кои програми може со сигурност да се отстранат, а кои мора да останат.
Помош може да биде бесплатната апликација Should I Remove It? која ги анализира сите програми инсталирани на компјутерот и потоа ве известува што можете без проблем да отстраните.
Резултатите се појавуваат во табела во која може да се види колку други корисници одлучиле да отстранат одреден софтвер, а ако не сте сигурни за што тој служи, може да го притиснете копчето What is it? и да добиете подетален одговор. Присутна е и опцијата за директно отстранување преку оваа апликација.
Дознајте повеќе на gsm.mkЕден од првите начини преку кои се забележува тоа е се подолгото време што му е потребно за да го стартува оперативниот систем. Меѓу главните причи