Во оваа диета нема забрана за храна, но забрането е прејадување.Авторите на книгата „Осмочасовна диета“ Давид Зинчзенко и Петар Мор прикажуваат план за слабеење во кој јадете што сакате а ги симнувате килограмите. Книгата се појавила неодамна, пред неколку месеци, а Давид Зинчзенко им ветува на читателите дека можат да изгубат вишок килограми придржувајќи се до упатствата.
Правилото е да јадете само во растојание од 9 наутро до 5 попладне или од 11 наутро до 7 навечер бидејќи така телото полесно ја разградува својата храна. Постојат циклуси од осум часа кога се јаде се а и циклуси од 16 часа кога не се јаде буквално ништо. И така секој ден..
Во текот на 16 часа човечкото тело треба да биде усмерено на одмор а не на варење на храната.
Многумина заговорници на диетите нагласуваат дека совршеното време е од 9 до 17 часот, иако во праксата и времето од 8 до 16 или од 10 до 18 часот не е невообичаено. Кое и растојание да го одберете ,важно е во него да ги изедете сите потребни дневни калории. Во оваа диета нема забранета храна но забрането е прејадување. Јадете колку што ви одговара но не претерувајте со количините. Слатките и алкохолните пијалоци можат исто така да се конзумираат но умерено.
Ако поради силните обврски заборавите на појадокот, постои решение… Испијте чај или кафе и кога ќе ви се укаже слободно време, тргнете со вашите осмочасовни циклуси за хранење. За разлика од другите диети кај оваа диета грицките се дозволени и можат да се јадат во текот на сите 8 часа.
Некои генерални препораки вредат како во секоја диета- секогаш е подобро да конзумирате што поприродни намирници, а да ги намалите индустриски произведените. Авторите на диетата исто така препорачуваат осум минути вежбање секој ден. Авторите на книгата „Осмочасовна диета“ Давид Зинчзенко и Петар Мор прикажуваат план за слабеење во кој јадете што сакате а ги симнуват



