Меѓу многуте прашања кои љубопитните луѓе му ги поставуваа на Марк Закерберг за иднината на Фејсбук или заштитата на приватноста, се најде и едно за неговиот моден избор.Марк Закерберг одвои еден час од своето време за да одговара на прашањата што му ги поставуваа луѓето, а едно од прашањата беше и: зошто секогаш носи сива маица со кратки ракави? Доколку немате забележано, Закерберг навистина се појавува во иста маица.
– Сакам да си го поедноставам животот. Секојдневно морам да донесувам голем број важни одлуки и затоа настојувам да се ослободам од одлуките кои што ги сметам за небитни. Дури и наизглед небитните одлуки, од типот што да се облече или да се јаде за доручек – ни одземаат време и енергија кои би можеле да ги посветиме на поважни прашања – објасни шефот на Фејсбук и додаде дека тој не носи една иста маица, туку дека во плакарот има повеќе исти маици.
Марк Закерберг го копира правилото на уште една култна личност од ИТ секторот, а тоа е Стив Џобс. Џобс беше познат по фармерките и црната долчевита, кои секогаш ги имаше носено. Џобс, исто така веруваше дека енергијата и креативноста не треба да се трошат на банални одлуки до тој степен, што им предложувал на вработените во „Ејпл“ секогаш да носат иста облека.
Марк Закерберг одвои еден час од своето време за да одговара на прашањата што му ги поставуваа луѓето, а едно од прашањата беше и: зошто се



