СЈО има лимитирана стварна надлежност која се однесува на овластувања да истражува и гони кривични дела кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникации, во законски определениот период, а кое нешто не произлегува, од барањето за издавање наредба за претрес, односно не може да се утврди за кој временски период се однесува содржината на комуникацијата од незаконското следење на комуникации, а од која се тврди дека произлегува кривичното дело, се вели во соопштението на Основен суд Скопје 1.Понатаму, во соопштението се наведува дека Кривичниот совет при овој суд по извршениот увид во списите на предметот одлучил дека судијата на претходна постапка правилно постапил давајќи несогласност.
Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:
Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при овој суд, постапувајќи по несогласноста на судијата на претходна постапка на овој суд КОК-ПП бр.101/16 од 29.03.2016 година, во врска со барањето за издавање наредба за претрес поднесено од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО), на седница одржана на 30.03.2016 година донесе решение со кое се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка за барањето за издавање на наредба за претрес за лицето Г.Г.
Имено, Кривичниот совет при овој суд по извршениот увид во списите на предметот одлучил дека судијата на претходна постапка правилно постапил давајќи несогласност бидејќи СЈО има лимитирана стварна надлежност која се однесува на овластувања да истражува и гони кривични дела кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникации, во законски определениот период, а кое нешто не произлегува, од барањето за издавање наредба за претрес, односно не може да се утврди за кој временски период се однесува содржината на комуникацијата од незаконското следење на комуникации, а од која се тврди дека произлегува кривичното дело. Оттука советот смета дека судијата на претходна постапка правилно утврди дека не е исполнет предусловот во смисла на чл.17 ст.1 од ЗКП.
Во корелација со горенаведеното советот смета дека веројатноста со претресот да се постигнат одредени резултати, мора да претходи на основаното сомневање дека е извршено конкретно кривично дело кое произлегува од незаконското следење на комуникации, дотолку што не може да се преземе претрес за да се пронајдат основите на сомневање.
Во врска со повеќето прашања на медиумите околу денешната прес конференција на СЈО:
Во однос на известувањето дека лицето за кое е поднесен предлог од СЈО се наоѓа во просториите на судот од изутринава, а обвинителот кој постапува не бил навремено информиран, информираме дека веднаш откако лицето се појави во судот заедно со неговите бранители за да биде сослушано, од страна на судот е известен и јавниот обвинител да се јави во судот.
Во однос на коментарот на јавниот обвинител во врска со судската пракса дека никогаш од страна на судија на претходна постапка не било одбиено барање за издавање на наредба, судиите се самостојни во своето постапување судската пракса не е извор на правото. Секој судија согласно Законот, Уставот и со Закон ратификуваните меѓународни договори на РМ, во секој конкретен случај одлучува врз основа на слободно судиско постапување. Судот е зачуден од јавно искажаните коментари за судски преседан поради неиздавањето на судска наредба со која бил одбиен предлогот на СЈП за наредба за претрес.
Судот апелира до институциите да го почитуваат законот и исклучиво да постапуваат по истиот како и да ја користат законската терминологија, при што на јавноста и појаснуваме дека во однос на несогласноста станува збор за законски институт на изразена несогласност од страна на судија на претходна постапка кој постапува во законски предвидена форма согласно ЗКП. Забелешката дека ваков преседан досега не се случил се должи на тоа дека се работи за новоформирана институција со законски точно утврдени овластувања, па оттука не може и нема простор некој да се повикува на пракса и преседани бидејќи судот досега постапувал по пет или шест предлози доставени од оваа институција, па се уште не може да се заклучи за некакво постоење на некаква пракса во постапувањето.
Ја информираме јавноста дека во судот до овој момент, иако се одржуваат прес конференции преку кој се поздравува соработката со судот, па истата се негира, сеуште до Основниот суд Скопје 1 – Скопје не се доставени најавените предлози за надлежно постапување на одржаните прес конференци на СЈО од изминативе неколку денови .Понатаму, во соопштението се наведува дека Кривичниот совет при овој суд по извршениот увид во списите на предметот одлучил дека судијата на претхо