Основното јавно обвинителство наведува дека уште во 2016 има отворено постапка во врска со изборни нерегуларности

По повод објавените натписи, како и заради потреба од објективно информирање и избегнување на шпекулации, Основното јавно обвинителство- Скопје во денешното соопштение наведува дека во врска со изборни нерегуларности има отворено постапка уште во 2016 година.– ОЈО Скопје во работењето постапува неселективно и неповрзано со преземени дејствија на други органи, ја води постапката без да објави податоци за нејзиниот тек за да не ја повреди тајноста што е обезбедена со закон, стои во соопштението.
Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција скопското Обвинителство минатата година оформило предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело „злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања“ од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката, како што се додава во соопштението, се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи.
– Во рамките на постапката досега се преземени претходни дејствија, побарана и прибрана е материјална документација, релевантни писмени докази, а во просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје се сослушани повеќе од 70 лица сведоци, се наведува во соопштението.
Од Основното јавно обвинителство – Скопје информираат дека во моментот кога ќе се стекнат законски услови ќе излезат со поконкретни податоци.– ОЈО Скопје во работењето постапува неселективно и неповрзано со преземени дејствија на други органи, ја води постапката без да објави подат

Пронајдете не на следниве мрежи: