Маж на триесет и осумгодишна возраст вчеравечер се пријавил во полициската станица Чаир дека е извршител на убиството на скопјанката Сенада Р. (27) кое изутрината се случи во Гостивар.Од МВР информираат дека станува збор за Б. Г. (38) кој претходно било во вонбрачна врска со починатата, а од прибавените докази во текот на денот, скопјанецот е единствен осомничен. Тој во текот на вечерта по извршениот разговор бил пренесен во Гостивар.
Според Гостиварското основно обвинителство причините за смртта на жената која беше пронајдена вчера на крак на улицата „Иво Лола Рибар“ во Гостивар. По извршениот увид, јавниот обвинител утврди дека починатата има убодни рани по телото и дека станува збор за насилна смрт. Несреќната жена била неколку пати прободена со остар предмет во градите стомакот и вратот, најверојатно со нож. Телото е дадено на обдукција, а се вештачат трагите кои биле на местото на настанот.
Засега не се знаат мотивите за крвавиот настан. Јавниот обвинител информираше дека испитувајќи ги околностите, констатирано е дека починатата жена во последните пет месеци живеела во Гостивар каде се преселила од Скопје поради нарушени односи со партнерот од вонбрачната врска. По насока на јавното обвинителство, истражено е местото на живеење на поранешниот партнер на сега починатата, при што е пронајдено возилото и истото е дадено на вештачање. Тој вчеравечер сам се пријавил во полициска станица Чаир, каде извесно време е задржан.Од МВР информираат дека станува збор за Б. Г. (38) кој претходно било во вонбрачна врска со починатата, а од прибавените докази во текот на денот,