Осомничениот од „Фабрика за афери“ со 19 кривични пријави: Оливер Спасовски е прекрасен човек

Третосомничениот во „Фабриката за афери“ на СДСМ, Аднан Сума, во пост на својот ФБ профил пишува дека техничкиот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ бил прекрасен човек. Вели дека обвинувањата немале контакт со реалноста и тој бил семеен човек кој работел со транспорт. Наспроти ваквите тврдења против него во 19 наврати се поднесувани кривични пријави за најтешки дела.-Драги мои сограѓани оваа пропаганда од страна на Медиумите. Нема врска со реалноста. Јас сум семеен човек кој работам со транспорт, со моето семејство и со градежништво со моите браќа. Јас не сум монструм како ме опишуват во медиумите. Тврдам со живот не сум инволвиран во овие пропаганди од медиумите ниту сум мешан во оваа афера со личните карти, ниту сум сенка на оваа работа, а камо да сум мешан во нешто со оваа работа. Само едно тврдам, не знам ниту сум дел од оваа афера. Што се однесува до сликите со Господинот Груевски тоа е фото шоп од некој аматер. Тврдам никогаш не сум сликан и дека сум бил близок, а со господинот Мијалков и господинот Лупчо, нити ги знам само од тв ги знам. Со Господинот Оливер денешен минстер за внатрешни работи сум сликан во мојата населба на џон кенеди и ми беше мило да се сликам со тој прекрасен Човек кој ја престави вистината за Македонија, напиша Сума на својот ФБ профил.
 

 
Медиумите веќе пишуваа дека третоосомничениот Аднан Сума, кој има неколку фотографии во прегратки со технички назначениот министер Оливер Спасовски, во скопското подземје важи како прв и најдобар фалсификатор во државата. Против него во 19 наврати се поднесувани кривични пријави за најтешки дела.
Меѓу делата што му се ставале на товар во минатото се пријава за убиство уште во 80-тите години, разбојништво, тешки кражби, кражби на возила, насилничко однесување, загрозување во тепачка со опасно орудие, обљуба или противправен блуд и други тешки кривични дела.
Меѓу делата за кои е гонет Сума се и фалсификување  на шенген визи, како и фалсификување на лажни патни исправи за мигранти. Токму за овие дела Сума бил уапсен во 2008 година со уште двајца свои соработници.-Драги мои сограѓани оваа пропаганда од страна на Медиумите. Нема врска со реалноста. Јас сум семеен човек кој работам со транспорт, со моето

Пронајдете не на следниве мрежи: