Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде Наредба за спроведување на истрага за синоќешното пукање во Гостивар кога животот го загуби дваесет и шест годишен гостиварец.За расветлување на кривично правниот настан во текот на денешниот ден издадени се низа наредби за вештачење на подигнатите материјални траги и предмети, огненото оружје и возилото на осомничениот.
Вчера вечер околу 9.30 часот сега починатото лице било паркирано со своето возило од левата страна на улицата „Седек Костоски“ во Гостивар, кога од спротивната страна со автомобил наишол осомничениот со своето семејство. Во критичниот момент настанала расправија и сега починатиот со метален предмет удрил во возилото на осомничениот, а тој извадил пиштол што го поседувал со дозвола и во паника испукал три куршуми во правецот на сега починатото лице. Еден од куршумите завршил во телото на починатиот кој во контактибилна состојба бил пренесен во Општата болница – Гостивар. Поради сериозноста на повредите, истиот е испратен во Клиничка болница – Скопје каде при извршување на интервенцијата во текот на ноќта починал.
Осомничениот околу 23 часот се предал во Полициската станица – Гостивар.
За текот на сите преземени дејствија што нема да наштетат на истрагата јавноста ќе биде навремено информирана.За расветлување на кривично правниот настан во текот на денешниот ден издадени се низа наредби за вештачење на подигнатите материјални траги и пред