Еден бразилец живее буквално во пола куќата кога службите на градските власти со булдожер го урнле делот од куќата на неговата поранешна сопруга која го продала земјиштето и го отстапила за правење на Олимпискиот парк во Рио.Luis Gerarldo dos Santos (52) е еден од неколку стотици жители на Vile Autodormo, населби кои се наоѓаат на работ на Олимпискиот парк кој се гради за Олимписките игри во Рио де Жанеиро следната година.
Многу домови се обележани за уривање за да се изгради паркот. Додека некои прифатиле финансиски надомест, други не сакаат ниту да слушнат за рушење на нивниот дом и преслување на друга локација.
Оние кои се согласиле на надомест на штета, куќата била уништена во ист ден, но таткото на три деца, Luis не знаеел дека неговата поранешна сопруга ја прифатила понудата на владата. Иако тие биле разведени пред десет години, тие сеуште живееле во иста куќа.
– Отидов дома од работа, знаејќи дека мојата поранешна сопруга ќе се отсели. Си помислив, фантастично, сега ќе ја имам целата куќа за мене. Но, кога пристигнав дома видов дека срушиле дел од куќата, не можев да верувам на она што го гледам. Останатото е буквално половина од куќата. Дури и дневна соба и трпезарија, каде што јадевме заедно, се пресечени на половина – изјавил Луис.
– Мислам дека отиде предалеку. Како да не ми беше доволно што живеев со поранешната сопруга цели десет години по разводот. И сега кога конечно си замина, не можам да се секавам на неа за добро. Дури не успеав да се истуширам цели 15 дена бидејки м и ги пресекле водоводни цевки.
Иако бил пресреќен што Олимписките игри, ќе се одржуваат во негова непосредна близина, тој сега вели дека при самата помисла дека поради нив тој си го изгубил пола дом, е бесен. Тој знае дека ќе мора да го продаде и својот дел од куќата.
– Тоа не е фер, но што да се прави. Има еден закон за богатите, друг за сиромашните. Олимписки игри, многу ви благодарам – им порачал навреден Луис.Luis Gerarldo dos Santos (52) е еден од неколку стотици жители на Vile Autodormo, населби кои се наоѓаат на работ



