Останала БРЕМЕНА, ја исфрлиле од училиште, а 74 години подоцна го добила ОВА парче хартија

Кога веруваш, се е можно. Дороти Лоис последен пат училишната клупа ја видела во 1942 година.Поради љубовта кон училишниот колега, за кого во тајност се омажила бидејќи останала бремена, ја исфрлиле од училиште. Во тоа време бракот и училишните клупи не оделе рака под рака. Никогаш не прежалила што не матурирала. Тоа била нејзината најголема болка. До денес.
За 93-иот роденден пријателите ѝ подготвиле посебно изненадување. Старицата не очекувала дури ни торта, уште помалку пак волшебно парче хартија на кое го пишувало нејзиното име. Во договор со директорот на средното училиште кое била присилена да го напушти, на Дороти ѝ била доделена почесна диплома.
„Никогаш не сум прежалила што не матурирав. Иако имам 93 години многу ме радува што конечно имам диплома од средно школо“ изјавила Дороти.

 
Училиштето морала да го напушти бидејќи останала бремена. „Секогаш се чувствував виновна за тоа што не го завршила училиштето. Забременила и поради тоа морала да се откаже од школувањето“, додала нејзината ќерка.

За роденденот на Дороти се собрале сите нејзини деца. Ѝ кажале дека сите ќе одат на кратка прошетка, а потоа пришол директорот на училиштето. Дороти кога сфатила за што се работи, се расплакала.
„Неправедна била одлуката, да ја исфрлат од училиште. Времињата биле поинакви, но таа е исфрлена само две недели пред матурата. Сметам дека заслужила конечно да ѝ ја врачиме таа диплома“, рекол сегашниот директор на училиштето Дејвид В. Џејмс.Поради љубовта кон училишниот колега, за кого во тајност се омажила бидејќи останала бремена, ја исфрлиле од училиште. Во тоа време бракот и училиш

Пронајдете не на следниве мрежи: